ЕУ размислува да го замрзне ценовниот лимит за руската нафта
Европската Унија (ЕУ) разгледува можност за привремено замрзнување на механизмот што ја ограничува цената на руската нафта како одговор на геополитичките тензии на Блискиот Исток, објави агенцијата Блумберг.
Препорачано
Сегашниот механизам, кој автоматски ја приспособува цената на секои шест месеци за да ја одржува 15 проценти под пазарната цена, во моментов ја одредува цената на барел сурова нафта „Уралс“ на 44,10 долари (околу 38 евра). Сепак, војната на Блискиот Исток доведе до фактичко затворање на Ормускиот Теснец и предизвика вртоглав раст на глобалните цени.
Без интервенција, следното прилагодување во јули би го зголемило ограничувањето на најмалку 65 долари за барел, што е повисоко од првичната граница од 60 долари поставена од Група Г7 – САД, Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија, заедно со Европската Унија.
За да се избегне ова зголемување, Брисел разгледува или замрзнување на сегашната цена или суспендирање на автоматското зголемување на ценовниот лимит до крајот на годината.
Оваа мерка би била дел од 21-от пакет санкции против Русија, кој се очекува на почетокот на јуни.
Пакетот, исто така, е насочен кон таканаречената „фантомска флота“ руски танкери за нафта и течен природен гас што ги заобиколуваат санкциите, како и кон околу 20 компании од трети земји (Кина, Индија и Турција) кои се обвинети за испорака на воени компоненти за Русија.


