ЕУ одговори на барањето на Санчез за „Маршалов план“

Маршаловиот план беше американска програма за помош за Западна Европа од 1948 година, со цел да се стимулира заздравувањето по Втората светска војна.

Европската Унија понуди „Маршалов план“ за заздравување на европската економија по кризата предизвиката од пандемијата со корона вирусот. Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен денеска соопшти дека Унијата работи на долгорочен план односно повеќегодишна финансиска рамка, буџет кој ќе биде употребен како најсилно средстви за излез од моменталната ситуација.

– Сакаме да обликуваме повеќегодишна финансиска рамка, која ќе биде клучен дел од нашиот план за заздравување. Мислам дека европскиот буџет треба да биде Маршалов план од Европска Унјија за европските граѓани, посочи Лајан.

Маршаловиот план беше американска програма за помош за Западна Европа од 1948 година, со цел да се стимулира заздравувањето по Втората светска војна.

На ваков план претходно повика шпанскиот премиер Педро Санчез кој би помогнал во обновата на Европа по корона кризата, за што побара Европската унија да размисли за издавање на т.н. „Корона – обврзница“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот