Лукашенко/ Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

ЕУ носи дополнителни санкции за Белорусија

Шефовите на дипломатиите на земјите членки на Европската Унија денеска ги одобрија додатните санкции за 80 службени лица на Белорусија, соопштија дипломатските извори за Бета.рс.

Одлуката за донесените санкции била усвоена едногласно.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел пред состанокот изјави дека ќе се донесат нови санкции и дека се предвидени нови мерки чија цел е да се ослаби економијата на државата.

,,Не сакаме да ги санкционираме само последиците. Сега ќе донесеме и секторски санкции што значи дека ќе работиме на екомонските прашања кои се од посебно значење за Белорусија и за режимот на приход“- кажа германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас.

Унијата започна да носи санкции за Белорусија по спорните претседателски избори на кои Александар Лукашенко го освои шестиот мандат. Изборите, кои опозицијата ги сметаше како наместени, беа поттик за масовни протести во земјата.

Новите санкции ќе се однесуваат на повеќе од 80 поединци и организации. Многу од нив беа поврзани со минатомесечното пренасочување на летот од Атина до Вилинус, кон главниот град Минск, каде беше уапсен опозициски активист.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот