ЕУ нема да прави проблем за патување со пасоши со Република Македонија, вели Тошковски

Стариот и новиот Mакедонски пасош/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски изјави дека денеска добил допис од Брисел дека ЕУ нема да прави проблем доколку граѓани на Македонија треба да патуваат со пасоши со старото уставно име.

Тошковски, во гостувањето утринава во емисијата „Ја сакам Македонија“ ги повика повторно пратениците во Собранието да поддржат и измени за продолжување на рокот на важност на патните исправи.

-Денеска добив на писмено информација каде комитетот за патни исправи на Европската комисија одржал состанок, ми беше најавено од белгискиот амбасадор. Ќе имаат разбирање за проблемот и ќе бидат максимално коректни и воздржани во однос на нашите граѓани. Нашите граѓани кои се надвор од Македонија, 70.000 се со старото име во Германија, тоа го имаат Германците како податоци, ние го немаме. Тие без проблем ќе може да отидат во Унгарија и Чешка, но нема да можат да излезат од Македонија ако дојдат дома. Европскиот комитет дава мислење до земјите да имаат разбирање. А ние што правиме – само Македонија, освен Грција, ќе крши основно човеково право на слобода и движење, заради тоа што пратениците од владеачката структура – од СДСМ и ДУИ, не сакаат да стиснат едно копче, рече тој.

Министерот Тошковски истакна дека дневно може да се изработат само по 3.000 нови пасоши, но во оптимизирани услови и нагласи дека најважно е да не се изгуби континуитетот и динамиката во испораката на обрасците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот