ЕУ нема да го признае планот на Нетанјаху за анексија на долината на Јордан

Фото: EPA-EFE/JIM HOLLANDER

Европската унија соопшти дека „нема да го признае планот за било какви измени на границите од пред 1967 година”.

Ова доаѓа како одговор на вчерашниот  говор на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кога истакна дека доколку следната недела на изборите добие нов премиерски мандат сака да ја анексира Долината на реката Јордан, јави ДПА.

– Акција преземена во овој контекст, ќе ги поткопа можностите за решението за две држави и изгледите за постигнување конечен мир – изјави портпаролот на ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот