ЕУ не коментира, туку потсетува: Судиите и обвинителите треба да бидат независни и професионални

Граѓани во близина на ЕУ Инфо центар во Скопје / Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Европската Унија не ја коментира одлуката на Апелацискиот суд да ги уважи жалбите и да ја укине првостепената пресуда за случајот „Организатори на 27 април“ и предметот да се врати на повторно судење пред Основниот кривичен суд Скопје. Сепак, порачува дека судиите и обвинителите треба да работат независно, непартиски и професионално.

„Европската Унија од блиску ги следи случувањата во судството. Но, по правило не интервенираме во индивидуални случаи ниту пак коментираме судски пресуди. Со тоа треба да се занимаваат релевантните национални власти. Во интерес на сите граѓани е работата на судиите и обвинителите да се врши независно, непартиски и професионално“, велат од Делегацијата на ЕУ во Скопје за „Слободен печат“.

Истиот став е и за изјавата на поранешната шаефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилам Русковска дека се соочила со притисоци да се откаже од обвинението против поранешниот генерален секратр на Владата, Драги Рашковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот