ФОТО: МИА

ЕУ ги „убива“ евтините пакети од Кина: Од 1 јули воведува царина од 3 евра

Вчера, Советот на Европската Унија формално даде конечно „зелено светло“ за воведување нови царински давачки за стоки што влегуваат во ЕУ во форма на мали пакети, кои главно доаѓаат од Кина. Овој потег предвидува воведување на такса од најмалку 3 евра по пакет. Целта е да се потисне феноменот на бесцарински увоз на вакви пакети, што создава нелојална конкуренција за продавачите во рамките на Унијата.

Се забележува дека дури 91 процент од 4,6 милијарди вакви пакети што влегле во ЕУ во 2024 година доаѓаат од Кина. Одлуката го поништува ослободувањето од царина што се однесува на пакети во вредност помала од 150 евра. Поточно, временската рамка го предвидува следново:

1 јули 2026 година – 1 јули 2028 година (транзициски период): Се воведува привремена фиксна царинска давачка од 3 евра за стоки под 150 евра.
По 2028 година (постојан систем): Привремената давачка ќе биде заменета со редовни царински стапки штом новиот центар за царински податоци на ЕУ – паневропска платформа за онлајн царинење што се очекува во 2028 година – ќе стане целосно оперативен.
Сепак, можеби најважната промена за потрошувачите е скриена во „ситните букви“ на договорот. Привремена фиксна давачка од 3 евра нема да се наплаќа по пакет како целина, туку за секоја различна категорија стока (врз основа на царинскиот тарифен број) содржана во секој поединечен пакет.

Што значи ова во пракса? Ако некој нарача пакет што содржи, на пример 1 свилена блуза (Категорија 1)  и 2 волнени блузи (Категорија 2) односно едно мало пакување и тоа  содржи два различни вида стока (според царинските ознаки) ќе треба да плати давачка од 3 евра за свилената блуза и 3 евра за волнените блузи. Вкупна царинска давачка: 6 евра.

Доколку пакетот содржел три различни категории стока, царинската давачка би била 9 евра и така натаму- објави Еуроњуз.рс.

Оваа мерка се однесува на мали пакети испратени директно до потрошувачите во ЕУ и се очекува да има позитивно влијание и врз буџетот на ЕУ и врз националните јавни финансии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот