Ето негира дека Камерун употребува црна магија за да ги подобри резултатите на Мундијалот

EPA-EFE/RODRIGO JIMENEZ

Француското радио РФИ објави изјава на врачот Нџи Оусени дека некои играчи на Камерун прибегнуваат кон вештерство, магија, со цел да ги дестабилизираат своите противници на Мундијалот во Катар

Фудбалската федерација на Камерун, предводена од Самуел Ето, реагираше на објавата на „Радио Франс интернасионал“ дека оваа африканска земја планира да употреби црна магија за да ги зголеми шансите на „лавовите“ на претстојното Светско првенство во Катар.

Ето, поранешниот капитен на репрезентацијата на Камерун, ја отфрли приказната и го предизвика францускиот национален радиодифузер да обезбеди докази за нивниот извештај.

Фудбалската федерација на Камерун објави писмо со кое бара извинување и исто така ја дискредитираше медиумската куќа.

РФИ, во објава на 6 октомври, ја обвини камерунската федерација дека соработува со врачеви попознати како „џуџу“ за да помогнат при настапот во Катар.

Според РФИ врачот Нџи Оусени, потврдил дека неколку играчи на Камерун го посетиле неговото светилиште за помош.

– Како што се приближува Светското првенство, неколку играчи на Камерун прибегнуваат кон вештерство, магија, со цел да ги дестабилизираат своите противници. Така, за важни натпреварувања како Светското првенство или Африканскиот куп на нации, играчите често бараа моја помош да ги повикаат боговите за да го совладаат противникот – рече Оусени за РФИ.

Подготовките на Камерун за Светското првенство не беа целосно успешни по поразите од Узбекистан и од Јужна Кореја за време на репрезентативната пауза. Камерун е во групата Г на Светското првенство заедно со Бразил, Швајцарија и Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот