Естетските хирурзи загрижени за изгледот на Мег Рајан
Неодамнешното појавување на легендарната холивудска актерка Мег Рајан на 96-то доделување на наградите „Оскар“ предизвика лавина од коментари и дискусии на социјалните мрежи, но и меѓу експертите кои сега го дадоа своето мислење за нејзиниот изглед.
Препорачано
Наместо аплауз за нејзината повеќедецениска кариера, овој пат фокусот на јавноста остана на нејзиниот изглед – поточно, на нејзините видливо променети црти на лицето.
На фотографиите од црвениот тепих, Мег Рајан изгледаше речиси непрепознатливо, што предизвика шпекулации за бројот и видот на козметички процедури на кои можеби се подложила.
Иако актерката никогаш јавно не зборувала за пластичната хирургија, многу експерти веруваат дека станува збор за прекумерна употреба на филери, ботокс и хируршки процедури кои, според нив, секогаш не ги давале очекуваните резултати.
Пластичниот хирург од Сиетл, д-р Џевад Сајан, за странските медиуми изјави дека лицето на Рајан покажува траги од блефаропластика на долните очни капаци, интервенција која, како што вели тој, не била целосно успешна. Тој, исто така, го привлече вниманието на затегнувањето на вратот, за кое верува дека можеби било несоодветно, со оглед на тоа што кожата околу вратот се собира неприродно кога главата се движи.
Д-р Николас Џонс од Атланта е на исто мислење, верува дека Мег најверојатно поминала низ цела низа процедури – од ринопластика и лифтинг на лице, до примена на ботокс и филери. Тој особено се осврна на промените во контурите на лицето, кои, според него, се резултат на прекумерна акумулација на материјал во пределот на јаболчниците и усните.
Сепак, според д-р Џонатан Каплан, естетски хирург од Сан Франциско, не е сè изгубено. Тој понуди професионален преглед и предложи решенија, истакнувајќи дека поурамнотежен пристап би бил многу поприроден.
„Прекумерната употреба на филери често води до подуен, неприроден изглед. Суптилен лифтинг на лице, во комбинација со прецизно пресадување на масти, може да ја врати свежината без претерани ефекти“, наведува тој.
Враќањето на Мег Рајан во центарот на вниманието можеби не помина онака како што таа планираше, но несомнено покрена важно прашање: Дали филмските легенди го ризикуваат сопствениот идентитет – и здравјето – во нивната потрага по прилагодување кон холивудските стандарди?


