Ешли Греам: Го сакам моето големо, силно, убаво тело

Instagram

Од моментот кога влезе во модната индустрија, Ешли Греам се обидуваше да ги сруши сите стигми врзани за женското тело, во тоа успеа и продолжи отворено да зборува за „body positivity“.

 

Instagram

 

Манекенката која годинава стана мајка, на својот Инстаграм профил сподели гола фотографија славејќи го нејзиното „големо, силно, убаво тело“.

Греам сподели фотографија на која позира гола пред огледало, под фотографијата само напиша – „Голо големо девојче“.

 

Instagram

 

Имаше секакви коментари, како и секогаш. Еден нејзин обожавател напиша  „Мразам што на ова се гледа како на „голема девојка“, не гледам ништо освен убава, природно заоблена жена… супер секси и женствено“.

Слушам што зборуваш. Но, ако под „голема“ мислиш позитивно или љубовно, тогаш можеш да го видиш како и јас. Го сакам моето големо, силно, убаво тело“, му одговори таа.

 

Instagram

 

Подоцна, моделот сподели и друга фотографија од себе, направена непосредно по породувањето, на која носеше само долна облека, доејќи го својот син.

 

Instagram

 

Со оваа фотографија таа го прослави деветмесечното постоење на нејзиниот син и големата пресвртница во нејзиниот живот, заблагодарувајќи му се на тимот од болницата за нејзиното позитивно искуство со породувањето.

 

Instagram

 

Греам никогаш немала проблем да споделува фотографии на социјалните мрежи од своето тело, да ги слави промените што се случуваат за време и по бременоста, постојано давајќи позитивни пораки во врска со женските тела, нешто за што многумина ја пофалија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот