Ерменија побара воена помош од Русија поради тензиите со Азербејџан

Нагорно Карабах / Фото: ЕPA-EFE / HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Ерменскиот премиер Никол Пашинијан изјави денеска дека побарал воена помош од рускиот претседател Владимир Путин во услови на тензии со Азербејџан по вооружениот конфликт во регионот Нагорно Карабах.

Тензиите меѓу двете соседни земји во Јужен Кавказ се зголемија оваа недела кога Ерменија протестираше против, како што рече, упадот на азербејџанските трупи на нејзина територија.

Азербејџан инсистира на тоа дека неговите војници биле распоредени на територијата што ја смета за своја во погранична област. Пашинијан им порача на пратениците дека во телефонски разговор со рускиот претседател побарал од Путин да и обезбеди воена помош на Ерменија. Русија официјално не ја коментираше изјавата на Пашинијан.

По повод вчерашниот разговор меѓу Путин и Пашинијан, Кремљ објави дека рускиот лидер ја нагласил потребата од почитување на примирјето и решавање на сите спорни прашања со дипломатски средства.

Русија има воена база во Ерменија, која е членка на Организацијата за договор за колективна безбедност предводена од Москва. Во исто време, Кремљ се обидува да ги одржи пријателските врски со Азербејџан, земја богата со нафта.

Азербејџан и Ерменија во ноември минатата година потпишаа договор под покровителство на Русија, со кој се стави крај на жестоките конфликти во Нагорно Карабах.

Извор: Бета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот