Ерменците оптимисти пред дуелот со Македонија: Одиме на победа

Ерменија утре игра против „рисовите“ во претпоследното коло од квалификациите за СП 2022 година/ фото: EPA-EFE/GIAN EHRENZELLER

Селекторот на Ерменија, Жоакин Капарош и поранешниот вардарец Хофханес Хамбарџумјан се оптимисти пред утрешниот натпревар против фудбалската репрезентација на Македонија.

Ерменија во Ереван ја пречекува селекцијата на Македонија во претпоследното коло од квалификациите за СП 2022 година, а двете репрезентации се во игра за освојување на второто место во групата Ј кое носи во баражот. „Рисовите“ и Ерменија имаат по 12 бода и се на делба на третата позиција на табелата, додека второпласираната Романија има бод повеќе но и полесен распоред во последните две кола.

– Добро го познаваме противникот, но и тие добро не знаат нас. Поради тоа не очекувам некои посебни изненадувања. Мислам дека еден потег или нијанси ќе го одлучат победникот. Македонија има навистина добар тим со кој сме се сретнале неколку пати. Ќе се обидеме да одиграме најдобро што можеме и да дојдеме до победата. Сите кои се тука се подготвени. На Мкхитарјан не му недостасува клупска минутажа од мечевите, тој е во добра форма затоа што нивото на тренинзи е многу високо. Барсегјан игра добро целата сезона, па принудениот одмор може добро да влијае и на неговата кондиција. Ниту Балекјан и Селарајан немаат проблем – изјави селекторот Капарош на денешната прес-конференција.

Оптимизмот е присутен и кај ерменските репрезентативци.
– Нема непознаници меѓу двете репрезентации. Мислам дека сега сме израмнети со квалитет. Ние имаме предност на домашен терен и верувам дека ќе дојдеме до победата – изјави Хамбарџумјан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот