Ерик Клептон изјави дека нема да настапува на места на кои се бара доказ за вакцинација

ерик клептон ковид вакцина
ФОТО: EPA

Ерик Клептон изјавил дека нема да настапува на ниту едно место каде што присутните ќе треба да докажат дека биле вакцинирани против ковид-19, пренесува „RollingStone“.

Изјава на Клептон е одговор на најавата на премиерот Борис Џонсон, дека на луѓето ќе им требаат потврди за вакцинација за да можат да влезат во ноќните клубови и други локали. Изјавата на Клептон била споделена преку профил на „Телеграм“. Клептон претходно споделил порака за неговото „погубно“ здравствено искуство по прием на вакцината.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eric Clapton (@ericclapton)

„По објавата на премиерот во понеделникот на 19 јули 2021 година, се чувствувам условен од честа да објавам моја изјава“, рекол Клептон. „Би сакал да кажам дека нема да настапам на ниту една сцена каде што има дискриминација на публиката. Освен ако не е предвидена одредба за присуство на сите луѓе, го задржувам правото да го откажам шоуто“.

Пораката била придружена со врска до песната против заклучување на Клептон со Ван Морисон, „Stand and Deliver“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот