Ердоган паѓа под 50 отсто од гласовите, ќе има втор круг во Турција?
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, по пребројани 89,24 % од гласовите, ја има поддршката на помалку од половина од излезените гласачи, па тоа може да значи дека ќе има втор круг на претседателските избори во земјата, бидејќи за победа во првиот круг се потребни повеќе од 50 % од гласачите кои го искористиле правото на глас.
Препорачано
Доколку и во преостанатите 10% непребројани гласови продолжи трендот на мал, но постојан пад на Ердоган, ќе има втор круг гласање, кој би се одржал за две недели, на 28 мај.
Во моментов Ердоган има освоено 49,94 % од гласовите, додека неговиот опозициски опонент Кемал Киличдароглу има 44,30 %. Во апсолутни бројки, станува збор за предност од околу 2,75 милиони гласа во земја во која право на глас имаат околу 64 милиони. Излезеноста на денешното гласање е исклучително висока и се движи околу 88-89%.
Откако гласањето заврши и почнаа да се бројат гласачките ливчиња, двете страни беа самоуверени во своите шанси за победа и во неколку наврати изјавуваа дека нивниот кандидат е во водство.
Ердоган на „Твитер“ напиша дека со брзањето со објавување на резултатите од изборите се „краде“ волјата на граѓаните и им се заблагодари на граѓаните кои денеска гласаа на изборите.


