„Епл“ ги претстави новите ВР очила, ќе чинат 3,499 долари

Фото Јутуб Епл

„Епл“ ги објави многу очекуваните очила за виртуеална реалност, Епл Вижн Про, во своето прво големо претставување на хардвер за речиси една деценија. Извршниот директор на „Епл“, Тим Кук, рече дека новите ВР очила „беспрекорно ги спојуваат реалниот свет и виртуелниот свет“.

Технолошката фирма, исто така, го објави својот најнов оперативен систем за Ајфон, како и ажурирања на Мекбук Ер.

ВР очилата имаат батерија која трае два часа, чинат 3.499 долари и ќе бидат пуштени во продажба на почетокот на следната година во САД. Цената е значително поголема од очилата за виртуелна реалност што моментално се на пазарот. Минатата недела „Мета“ го објави својот сличен ваков продукт, Квест – кој чини 449 долари.

Цената на акциите на компанијата благо паднаа за време на објавувањето, објавено на конференцијата на развивачите во „Епл Парк“, седиштето на компанијата, во Купертино, Калифорнија.

Епл Вижн Про изгледа различно од останатите такви очила на пазарот – и повеќе потсетува на пар очила за скијање отколку на слушалки за виртуелна реалност. „Епл“ ја искористи фразата „проширена реалност“ за да опише што прави новиот уред.

Виртуелната реалност, позната и како мешана реалност, ги наметнува виртуелните објекти во светот околу нас – овозможувајќи ни да ја мешаме реалноста со виртуелната реалност гледајќи низ екран.

Корисниците можат да пристапуваат до апликации, да гледаат филмови и да пишуваат документи во виртуелен свет.

Хартли Чарлтон, виш уредник на „МекРуморс“, не е сигурен колку очилата ќе и се допаднат на пошироката јавност.

„На почетокот нема да им се допадне на главните потрошувачи поради неговата екстремно висока цена и непосредните недостатоци како уред од првата генерација“, рече тој, „како што е неговиот посебен пакет со жичени батерии“.

Но, тој рече дека „Епл“ има искуство за „надминување на скептицизмот“ за новите уреди и историски ги охрабрува луѓето „да се разделат со своите пари за да додадат нов гаџет на нивниот репертоар“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот