Епидемиолозите не можат да ги најдат гостите од свадбата на внуката на Амди Бајрам

Епидемиолозите од Центарот за јавно здравје Скопје кои се задолжени да ги детектираат контактите на Амди Бајрам кои биле со него на свадбата на неговата внука која пред 10 дена се одржа во Истанбул, Турција и каде присутни биле стотици гости од Македонија, не може да ги најдат сите гости и контакти.

Директорот на ЦЈЗ Скопје д-р Алексадар Стојанов за Слободен печат тврди дека ги контактирале блиските на Бајрам, но дека на голема соработка не наишле.

Д-р Алексадар Стојанов, директор на ЦЈЗ Скопје

– Синот ни рече дека не бил во контакт со татко му, бидејќи живееле на различни катови во куќата  од пет ката. Сопругата ќе оди во изолација, а возачот што ги однел во Истанбул воопшто не сакаше да комуницира со нас, па ние не можеме да натераме никого. Вели, не сака да даде никаков податок ниту каде бил, ниту со  кој бил, како да ги најдеме тие 300 души? Ние сме шестмина епидемоилози за цело Скопје и не знаеме како да постигнеме. На почетокот кога имаше по 30 заразени дневно дури и дома одевме кај пациенти да им направиме епидемиолошка анкета, сега тоа е излезено од контрола. Како да направите епидемиолошка анкета кога секој ден има по 200 заразени лица во Скопје. Гледам вчера поворката на погребот на Бајрам, била спроведена од полицијата, си ги направиле адетите, многу луѓе влегле во куќата за да се поздрават, точно така букна епидемијата во Дебар на почетокот, ако се сеќавате, од погреб. Сите сакаат да го заобиколат системот, а после кога нема капацитети,  прашуваат зошто нема капацитети, рече д-р Стојанов за Слободен печат.

ФОТО+ВИДЕО: Амди Бајрам погребан во присуство на околу 300 лица

Д-р Александар Стојанов: Сите што биле во контакт со Амди Бајрам на свадбата да бидат во изолација!

Амди Бајрам ја мажи внуката во Истанбул (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот