Енис Фазлагиќ до крајот на сезоната позајмен во Горник Лечна

Фото: .gornik.leczna.pl

Eнис Фазлагиќ кој е повремен репрезентативец на Македонија до крајот на сезоната како позајмен фудбалер ќе го носи дресот на Горник Лечна.

Фазлагиќ е член на Висла меѓутоа поради слабата минутажа сезонава одлучи да ја промени средината со цел да собере повеќе да игра. За Фазлагиќ ова е втора позајмица во друг клуб.

Сезоната 2022/2023 Висла го пушти во редовите Дунајска Стреда од каде се врати во Краков, па по шест месеци следуваше нова позајмица. Во овој момент Горник е дел од првата лига на Полска која е втора по ранг.

Во минатото Фазлагиќ беше дел од младинските категории на Вардар, па го носеше дресот на Скопеј и Шкендија, а првото интернационално искуство го имаше во Жилина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот