Ендрју Тејт обвинет за силување и трговија со луѓе
Контроверзниот инфлуенсер Ендрју Тејт е обвинет за силување, трговија со луѓе и формирање организирана криминална група за сексуална експлоатација на жени, одлучи судот во Романија, јави „Би-Би-Си“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Обвинети се и неговиот брат Тристан и двајцата соработници. Сите ги отфрлија обвинувањата. Браќата Тејт првпат беа уапсени во нивниот дом во Букурешт во декември.
Во март тие беа префрлени од притворот во домашен притвор по пресудата на романски судија.
Во обвинението поднесено до судот во Букурешт се вели дека четворицата обвинети формирале организирана криминална група во 2021 година за да извршат трговија со луѓе во Романија, но и во други земји, вклучително и САД и Велика Британија.
Во него се наведени седум наводни жртви за кои се вели дека биле регрутирани од браќата Тејт преку лажни ветувања за љубов и брак.
Ендрју Тејт е обвинет за силување на една од жртвите, додека неговиот брат е обвинет за поттикнување други на насилство. Судењето нема да започне веднаш и се очекува да трае неколку години.
Еден романски судија сега има 60 дена да ги провери списите на случајот пред да биде испратен на судење.


