„Силви бенд“ / Фото: Фејсбук/„Силви бенд“

Емотивно за децата – дуото „Силви бенд“ сподели важна приказна

Брачно-музичкото дуо „Силви бенд“ сподели емотивна приказна за децата по повод велигденските празници.

Силви и Влатко Плевнеш ја покажаа својата хумана страна со донација за штитениците на „СОС Детско село“, во пресрет на празниците.

Во духот на празничната магија и под мотото „Ниту едно дете да не расте само“, тие донираа разновидна опрема за најмладите, вклучувајќи бебешки седишта, играчки и други неопходни реквизити кои ќе го олеснат секојдневието и ќе им донесат насмевки на децата.

„Овие мали подароци нека им го разубават празникот на нашите деца. За многу години Велигден! Со љубов, Силви и Влатко“, порачаа тие преку својот инстаграм-профил.

Фото: Инстаграм/„Силви бенд“

Овој гест предизвика бројни позитивни реакции во јавноста и кај следбениците, кои со пофални зборови и емотикони реагираа на објавата. Силви и Влатко низ годините се познати не само по својата музика, туку и по редовното учество во општествено одговорни акции.

Во октомври минатата година, тие беа дел од одбележувањето на голем јубилеј. На сцената на фестивалот „Макфест“, кој славеше 40 години постоење, дуото ја изведе својата безвременска песна „Ангели ме носат“.

Оваа антологиска песна, која важи за еден од најголемите хитови во нивната богата кариера, повторно се пееше на макфестовската сцена, а публиката ја награди со голем аплауз.

Во февруари 2024 година, Влатко Плевнеш и Силвана Мучиќ – Плевнеш станаа баба и дедо. Нивната ќерка Деаделина на свет го донесе своето прво дете – ќерката Малика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот