Емотивната приказна на Бојана и Бамби раскажана во прво лице, надежта последна умира (ФОТО)

Најтрагично е тоа што луѓето кои ги користат кучињата за борби се сѐ поприсутни на социјалните мрежи, и тоа го прават јавно како речиси и да не постои закон кој тоа го забранува. Надлежните не превземаат ништо во насока на тоа да ги спречат овие активности, велат од здружението „Шепасти ентузијасти“.

Приказна на Бојана и кучето Бамби беше една од позитивните приказни кои ја обележаа изминатата недела, носејќи ја пораката на надежта и љубовта.

Разделбата на стафорд-териерот Бамби и Бојана се случила пред година и два месеца, на најнепосакуван начин.

– Ја чував осум месеци, а кога дојде првпат во мои раце имаше еден ипол месец. Таа беше украдена од двор, пред година и два месеца, поточно лани во март, додека беше оставена да прошета надвор околу петнаесеттина минути.

Соочена со кражбата на кученцето, Бојана почнала да си ја бара миленичката. Потрагата траела цели четири месеци, но напразно…

– Најпрвин сакав сама да ја побарам Бамби и првата информација која ја дознав е дека била видена во општина Шуто Оризари, а оттаму ме пратија во Визбегово кадешто, наводно, ги собирале сите крадени кучиња и ги продавале, но за жал кога стигнав таму беќе беше доцна. Во моментите додека ја барав претпоставував дека штом беше украдена, и слушнав дека била видена во Шуто Оризари, голема е веројатноста да биде користена за улични борби со кучиња, но и дека е можно да ја откупи некој кој добро ќе се грижи за неа. Потрагата траеше четири месеци и понатаму знаев дека единствен начин за повторно да дојде до мене е доколку некој ја пронајде и ја однесе на ветеринар да и го проверат чипот.

Инаку, Бамби е од расата стафорд териер која е многу слична на расата питбул и затоа, подоцна, беше продавана на оглас како питпул „погоден“ за борби со кучиња.

Тагата на Бојана по кучката не стивнувала, и покрај поминатото време, па не помислувала на вдомување на ново куче. Надежта последна умира. А имала доста прилики да вдоми ново куче.

– Не го направив тоа бидејќи сè уште бев тажна поради тоа што ја изгубив Бамби и сакав да ѝ надоместам за тоа што го преживеала, па си реков да оставам уште некое време, ни раскажува Бојана.

Во меѓувреме, фотографијата од Бамби, со зграпчено лице во рацете на огласувачот, се појавила на на социјалните мрежи на оглас за продажба на куче за борба. „Се продава за борба питбул оригинал може да се види во секој момент, 11 месеци“.

– Мисијата за спасување на Бамби започна како и многу други мисии кои сме ги имале за спасување на оваа раса на кучиња од улични борби. Најтрагично е тоа што луѓето кои ги користат за борби се сѐ поприсутни на социјалните мрежи, и тоа го прават јавно како речиси и да не постои закон кој тоа го забранува. Надлежните не превземаат ништо во насока на тоа да ги спречат овие активности. Ја имавме среќата Бамби да е чипирана и оттаму успеавме да стапиме во контакт со сопственикот Бојана. Ниту еден збор не може да ја опише средбата по една година помеѓу нив. Како здружение ќе продолжиме да се бориме за тоа сите вакви приказни да завршуваат среќно – баш како оваа на Бамби, ни рекоа од Здружението „Шепасти ентузијасти“.

Успешната мисија на Шепасти ентузијасти

Од здружението, веднаш штом го виделе огласот го исконтактирале продавачот и наредниот ден отишле да ја откупат Бамби.

– Го направиле тоа веднаш, пред да падне во лоши раце. Најпрвин продавачот побарал од нив 200 евра, но тие се „исценкале“ и ја откупиле Бамби за 100 евра. Тие очекувале дека кучето ќе биде агресивно, но, сосема спротивното, Бамби „културно“ се качила во нивниот автомобил кола и, за среќа, не наишле на никакви проблеми. Кога ја земале Бамби беднаш ја однеле на ветеринар, а од таму го провериле чипот и кога ги добиле информациите веднаш ме исконтактираа, вели Бојана.

Кога ѝ се јавиле на Бојана и кога се претставиле дека се од здружение за заштита за животни, таа веднаш претпоставила дека се работи за Бамби.

– Бев пресреќна и веднаш отидов да ја видам!, додава.

Каква била средбата меѓу кучето и сопственичката? Многу емотивна.

– Искрено јас не очекував дека ќе ме препознае после толку долго време бидејќи временскиот период додека бевме заедно е пократок од периодот додека беше украдена, но сепак кога на миленикот ќе му се даде соодветна љубов не е тешко да си го препознае сопственикот, ни раскажува Бојана.

Во првите три дена во својот познат дом Бамби била исплашена поради преживеаните искуства, но не ѝ требало многу време да се опушти бидејќи знаела дека е во сигурни раце.

– Од кога сме заедно нема воопшто агресивни напади ниту пак реагира на други миленици и улични кучиња додека уживаме во долгите прошетки, вели Бојана и потенцира дека од оваа приказна научила дека никогаш не треба да се губи надеж, „доколку нешто очајно сакаме и се бориме за тоа секогаш ќе биде со среќен крај“.

По една година агонија, конечно заедно: Скопски активисти откупија пит-бул куче од оглас и го вратија кај вистинските сопственици (ФОТО+ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот