По една година агонија, конечно заедно: Скопски активисти откупија пит-бул куче од оглас и го вратија кај вистинските сопственици (ФОТО+ВИДЕО)

Неверојатно тажна приказна со среќен крај за едно пит-бул куче кое благодарение на активистите од „Шепасти ентузијасти“, по една година конечно се врати дома. 

Деновиве на социјалната мрежа фејсбук се појави реклама на која се гледа како човек држи заврзано, тажно куче од расата пит-бул, а на огласот пишува „Се продава (за борба) пит бук оригинал, може да се види во секој момент, 11 месеци“. 

Тоа што авторот на објавата не го открил е дека кучето се вика Бамби, која претходно била украдена од нејзините сопственици.

Тука настапуваат активистите од здружението за заштита на животни „Шепасти ентузијасти“, кои откако го здогледале огласот, веднаш изреагирале.

„По вчерашната објава за продажба на пит-бул за борби, веднаш изреагиравме и се договоривме со „продавачот” да го купиме. Знаевме дека ова е единствениот начин кучето да не заврши во погрешни раце.

„Агресивноста која многу често се припишува на овој вид раси е сосема спротивното од она што не пречека кога ја видовме. Најмилата девојка на свет не чинеше (само) 100 евра, трошоци кои ги подмиривме заедно со Ели.“, пишуваат од здружението.

Веднаш штом го откупиле кучето од продавачот, активистите го однеле на ветеринар, каде дознале дека кучето има свој чип, при што откриле дека истото се вика Бамби.

Сопствениците на Бамби цела година неуспешно трагале по својот најдобар пријател.

„Најважно од сѐ е тоа што рутинската контрола на ветеринар ни откри дека ова куче си има чип, па оттаму си го врати името – Бамби, а и сопственикот – Бојана. После цела година барање и агонија на сопствениците, тие конечно успеаа да си го пронајдат најдобриот пријател! На радоста и немаше крај…“

„Најважно од сѐ е тоа што рутинската контрола на ветеринар ни откри дека ова куче си има чип, па оттаму си го врати името – Бамби, а и сопственикот – Бојана. После цела година барање и агонија на сопствениците, тие конечно успеаа да си го пронајдат најдобриот пријател! На радоста и немаше крај…“

Сопственичката Бојана објави фотографии од моментот пред да исчезне Бамби и вчера, година дена откако повторно се заедно / Фото: Фејсбук

Активистите од „Шепасти ентузијасти“ апелираат секогаш да се чипираат милениците: „Се што треба е да не се откажувате никогаш! И да, секогаш чипирајте ги вашите миленици, затоа што тоа е единствениот начин тие да го пронајдат патот назад до вас, во вакви случаи!“.

Сопственичката на кучето јавно се заблагодари на активистите и објави фотографии како Бамби сега повторно ужива во топлината на домот.

Од здружението „Шепасти ентузијасти“ на социјалните медиуми напишаа дека случајот ќе биде пријавен во полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот