ЕМА: Ретко воспаление на ‘рбетниот мозок е несакан ефект на вакцината на „АстраЗенека“

Вакцината на „АстраЗенека“ против ковид/ Фото EPA-EFE/MONIRUL ALAM

Експерти од Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска предложија како можен несакан ефект на вакцината против коронавирус на „АстраЗенека“ да се додаде ретко воспаление на ‘рбетниот мозок (попречен миелитис), пишува Ројтерс.

Вакцината наиде на неколку пречки, вклучително и прекин на производството и регулаторни истраги поради ретки случаи на сериозни несакани ефекти како што е згрутчување на крвта, што доведе неколку земји да ја ограничат или прекинат нејзината употреба.

Комисијата за безбедност на ЕМА, исто така, ја повтори својата препорака слично предупредување да се примени и за вакцината на Џонсон и Џонсон.

Попречниот миелитис е воспаление на едната или двете страни на ‘рбетниот мозок и може да предизвика слабост во рацете или нозете, сензорни симптоми, проблеми со мочниот меур или варење.

Комисијата ги разгледа податоците и заклучи дека може да постои причинско-последична врска меѓу овие вакцини и попречниот миелитис.

Регулаторната агенција не даде никакви информации за пријавениот број на такви случаи по вакцинацијата, но наведе дека на информациите за вакцината е додаден попречен миелитис како несакана реакција со непозната зачестеност.

Извештаите за сериозни болести на нервниот систем, исто така, беа во центарот на прекинот на истражувањето во раните фази на развојот на вакцините на Астра Зенека и на Џонсон и Џонсон, кои се засновани на слична технологија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот