ЕМА: Фајзер/БиоНТеч вакцината може да биде одобрена за неколку недели

EPA-EFE
Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Европската агенција за лекови (ЕМА) „ во рок од неколку недели” ќе одлучи дали ќе ја одобри вакцината на Фајзер/ БиоНТеч, за таа ќе зависи од тоа дали дадените податоци се доволно големи, соопшти европскиот регулатор на лекови, пренесе ДПА.

„Мислењето за одобрение за употреба на вакцината може да се издаде за неколку недели, во зависност од тоа дали доставените податоци се доволно големи и целосни за да се покаже квалитетот, безбедноста и ефикасноста на вакцината”, наведува ЕМА.

Проценката ќе биде донесена на вонреден состанок, закажан најдоцна за 29 декември, се додава од Агенцијата.

Авторизација на пазарот на ЕУ за своја вакцина единствено уште побара компанијата „Модерна”, а за неа одлуката може да се очекува најдоцна до 12 јануари, додаде ЕМА, пренесе ДПА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот