Фото: vfmkd.org.mk

Елоре и Љафтов вицешампиони во унгарскиот одбојкарски шампионат

Македонскиот одбојкарски репрезентативец Александар Љафтов и неговиот клуб Елоре, како вицешампиони на Унгарија ја затвораат сезоната 2025/2026. Во финалето на плејофот, тие го претрпеа и третиот пораз од 0:3 (19:25, 13:25, 20:25) од Фино Капошвар и со 3:1 во серијата останаа без шампионскиот пехар.

Љафтов и неговите соиграчи се бореа за продолжување на серијата и за „мајсторка“, но противникот беше решен пред својата публика да ја прослави титулата.

Македонскиот репрезентативец беше стартер и го одигра целиот натпревар постигнувајќи шест поени (пет од напад и еден од сервис) и беше меѓу најефикасните во редовите на Елоре.

Љафтов од Унгарија сезонава се одјавува како вицешампион и финалист од Купот, но со Елоре славеше титула во средноевропската МЕВЗА лига.

Интернационалецот доби неколку дена слободни за да се одмори по напорната сезона и на 20 мај треба да се стави на располагање на селекторот Јошко Миленкоски за настапот во националниот тим во Европската лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот