Елмас во Топ 10 играчи на кои треба да се обрне внимание на ЕВРО 2020!

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI/EPA-EFE/KIKO HUESCA/EPA-EFE/RODRIGO ANTUNES/EPA-EFE/VASSIL DONEV

Се ближи стартот на континенталниот собир кој сите со нетрпение го очекуваме, а во продолжение да погледнеме кои фудбалери би можеле да бидат иднината на европскиот фудбал.

Британскиот медиум „Дејли Мејл“ одвои 10 талентирани играчи од кои се очекува да блеснат на ЕВРО 2020, а помеѓу нив е и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Нашиот 21-годишен играч кој воедно е член на Наполи вчера постигна гол во контролниот дуел со Словенија, негов вкупно седми во сениорскиот дрес.

Нашиот фудбалски „дијамант“ го постигна победничкиот гол против Германија во квалификациите за СП.

– Среќен сум што Елмас е во голем клуб како Наполи. Се надевам дека тој ќе придонесе уште повеќе во националниот тим. Го велам ова бидејќи очекувам многу од него, тој може да биде лидер – потсетува „Дејли Мејл“ на ланската изјава на селекторот на А репрезентација, Игор Ангеловски.

Како што се развива постепено во уште поквалитетен играч, можно е во иднина да направи трансфер во уште поатрактивен клуб.

Топ 10 играчи на кои треба да се обрне внимание на ЕВРО 2020 –

Нуно Мендеш, 18 години (Португалија), Клуб: Спортинг Лисабон
Мајрон Боаду, 20 години (Холандија), Клуб: АЗ Алкмаар

Андреас Сков Олсен, 21 година (Данска), Клуб: Болоња
Александер Исак, 21 година (Шведска), Клуб: Реал Сосиедад

Елиф Елмас, 21 година (Македонија), Клуб: Наполи
Алесандро Бастони, 22 години (Италија), Клуб: Интер

Дани Олмо, 22 години (Шпанија), Клуб: Лајпциг
Камил Јозвјак, 23 години (Полска), Клуб: Дерби каунти

Мануел Локатели, 23 години (Италија), Клуб: Сасуоло
Јусуф Јазиџи, 24 години (Турција), Клуб: Лил

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот