Елизабет Харли бесна: Нејзиниот син Демијан изгубил 180 милиони фунти наследство

елизабет харли
фото: принтскрин инстаграм

Синот на Елизабет Харли, Дeмијан, бил исфрлен од тестаментот на неговиот покоен татко Стив Бинг по судска жалба од неговиот дедо, пренесува „Daily Mail“.

Мултимилионерскиот бизнисмен Стив Бинг си го одзеде животот во јуни минатата година, но пред тоа наводно воспоставил специјални фондови за неговиот син Демијан кој го делеше со Елизабет Харли и неговата ќерка Кира Керковијан, која ја доби со пензионираната тенисерка Лиза Бондер. Но, неговиот татко Питер Бинг, не бил среќен со одлуката на својот син.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elizabeth Hurley (@elizabethhurley1)

Имено, Питер Бинг, поднел жалба за одлуката за поделбата на наследството заснована на фактот дека Демијан и Кира биле вонбрачно родени деца. Според извештајот, богатството на Стив Бинг сега ќе се дели меѓу децата кои ѝ припаѓаат на неговата сестра Мери.

Харли, се разбира, не била задоволна од одлуката. „Кога Стивен изврши самоубиство, тој почина мислејќи дека неговите деца се обезбедени. Она што го сакаше Стивен сега е превртено на најлош начин. Знам дека би бил уништен“, рече Харли.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Damian Hurley (@damianhurley1)

Делот на Демијан се проценувал на скоро 180 милиони фунти. Лиза Бондер исто така изрази колку е непријатно изненадена. „Како мајка, се прашувам зошто мораше да се случи ова. Зошто две невини деца да бидат претворени во жртви?“.

Бинг ја основал продуцентската куќа „Shangri-La Entertainment“, која снимала филмови како „The Polar Express“ со Том Хенкс и „Beowulf“. Покрај тоа, тој го напиша и сценариото за комедијата „Kangaroo Jack“.

ФОТО | Ова е синот на Елизабет Харли: Нејзината врска со Демијан некои ја сметаат за чудна!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот