ФОТО | Ова е синот на Елизабет Харли: Нејзината врска со Демијан некои ја сметаат за чудна!

Instagram
Instagram

Демијан е син на англиската актерка и поранешна манекенка Елизабет Харли (55), а обожавателите велат дека тој повеќе личи на убава жена отколку на маж.

Тој неодамна го прослави својот 18-ти роденден во друштво на неговата мајка.

Instagram
Instagram

„Изолацијата драстично ги промени моите планови за последната вечер како малолетен“, напиша тогаш Демијан на својот инстаграм – профил, кој ги поминува деновите со својата мајка во нивниот дом.

Тој токму во нејзино друштво и го дочекал и полнолетството, во домашна атмосфера со балони, алкохол и вечера, а судејќи по снимките, не им недостасувала добрата забава на прославата.

54-годишната Харли му го честитала роденденот на синот со серија фотографии, порачувајќи му дека е светлината во нејзиниот живот. Лиз го доби Демијан во 2002 година со милијардерот Стив Бинг, кој минатата година изврши самоубиство поради депресија, а Демијан го носи презимето на неговата мајка.

Instagram
Instagram

Патем, овој млад човек неописливо потсетува на неговата мајка – тој е машка верзија од неа, а притоа со долгата коса, често се фотографира во исти пози како неговата мајка па дури и во слична облека.

Манекенката и нејзиниот син се многу блиски, а британската јавност постојано ја нарекуваше нивната врска „несоодветна“ и „бизарна“. Дури и познатиот британски новинар Имон Холмс во својата емисија ја окарактеризира оваа врска како „многу чудна“.

Instagram
Instagram

„Со оглед дека сум самохрана мајка, а тој е моето единствено дете, логично е да поминуваме многу време заедно и да нѝ е пријатно кога сме во друштво еден на друг“, изјавила Харли во една прилика и додала дека Демијан е нејзината сродна душа.

Да потсетиме, филмскиот продуцент и поранешен партнер на британската убавица изврши самоубиство на 55-годишна возраст во Лос Анџелес. Роден е на 31 март 1965 година и почина на 22 јуни 2020 година. Тој скокнал од 27-от кат од зградата, оставајќи зад себе две деца.

Instagram
Instagram

Убавата актерка тогаш на социјалната мрежа Инстаграм, објави албум со нивни заеднички фотографии и напиша:

„Тажна сум и во неверувањето дека мојот поранешен сопруг Стив, повеќе не е со нас. Тоа е тажен крај на еден живот“, напиша тогаш Елизабет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот