Дигитални содржини. / Фото: Архива на Слободен печат

Електронски упис во градинка и основно училиште со надградената платформа „мЗаедница”

Електронски упис во градинките и во основните училишта ќе овозможи надградената апликација на дигиталната платформа „мЗаедница”. Тоа беше промовирано на тркалезната маса „Предизвици и можности за добро локално владеење во дигитална ера”, што денеска се одржа во Охрид во организација на Центарот за социјални иновации БЛИНК 42–21.

Со тоа, како што беше посочено, ќе се овозможи едноставен, брз и транспарентен процес за уписи на деца во градинки и основни училишта, поедноставување на целиот процес на работа за училиштата, градинките и општините, како и заштеда на средства и време.

Според учесниците, меѓу кои и градоначалници од повеќе општини, процесот на дигитализација и овозможување на дигитални јавни услуги за граѓаните мора да се одвива паралелно во големите, средните и во малите општини. Пристапот, како што посочија, треба да биде стратешки и континуиран, за да имаме реални промени, поквалитетни услуги и задоволни граѓани.

Дигиталната платформа „мЗаедница” е мобилна и веб – апликација, овозможува системска дигитализација на локалните самоуправи и ја користат 10 општини, каде е овозможено дигитално аплицирање за субвенции за велосипеди, еднократна помош за прваче или за лица со попреченост и други услуги. Меѓу општините што ја користат апликацијата е Кочани, чиј градоначалник Љупчо Папазов се осврна на потребата од континуирана едукација на општинската администрација, со цел стекнување вештини за развој на дигитални услуги.

Со цел новите услуги да бидат квалитетни, одржливи и лесни за употреба од страна на сите корисници во работниот процес се вклучиле и претставници од градинки и основни училишта.

Настанот во Охрид, како и надградбата на апликацијата е поддржан од Интернационалнио републикански институт (ИРИ), според чиј претставник Аманда Зинк, сите земји, подеднакво се соочуваат со предизвиците во процесот на дигитализација на услугите и дигитална трансформација на институциите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот