Електрична верзија на автомобилот „Фиат Панда“ ќе се произведува во Крагуевац

Електрична верзија на „Фиат Панда“/ Фото Твитер

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска објави дека во фабриката за производнство на автомобили „Фиат“ во Крагуевац ќе се произведува електричен автомобил од типот „Фиат Панда“.

Вучиќ вели дека новата инвестиција во фабриката за автомобили во Крагуевац ќе биде вредна 190 милиони евра, од кои 48 милиони евра ќе бидат издвоени од републичкиот буџет.

Според него, подготовките за производство на новиот модел на автомобил ќе траат до крајот на 2023 година, а производството во Крагуевац ќе започне во третиот квартал на 2024 година.

„Фиат“ односно групацијата „Стелантис“, веќе некое време најавува електричната верзија на малиот градски модел „фиат панда“. Веќе има голем број концептуални решенија и демонстрации за тоа како би можел да изгледа новиот модел на моќност.

Новиот модел се очекува да биде базиран на концептот „чентовенти“ од 2019 година. Технолошки би требало да биде сличен на електричните модели од групацијата „Стелантис“ – „пежо 208“ и „опел корса“.

Според димензиите возилото би било слично на сегашната „панда“, односно компактен градски модел. Дизајнот на новиот мал автомобил, кој ќе дебитира следната година, веќе е одобрен.

Сличен ваков концепт претходно понуди и „Дачиа“ за новиот „сандеро“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот