Елегантно и деловно, но шик: Оливија Палермо го освои Бруклин во маслинеста комбинација! (ФОТО)

инстаграм

Модната инфлуенсерка Оливија Палермо била сликана за време на прошетка во Бруклин кон крајот на викендот.

профимедиа

34-годишната убавица носела интересна комбинација во која доминираат земјените тонови и веднаш ги воодушевила љубителите на модата.

профимедиа

Оливија носела маслинеста кошула со нитни и џебови кај градите, а ракавите ги „поткренала“. Кошулата ја искомбинирала со здолниште во иста боја. Оваа комбинација ја направила поинтересна со розов каиш и сина чанта. На нозете носела интересни мокасинки со цветни детали.

профимедиа

Палмеро носела и заштитна маска, но одлучила тоа да биде „помодерно“ и место обична маска таа во принцип носи бандани или како во случајов марама. Овој пат тоа било свилетна марама со зелени и кафени детали, а целата комбинација ја потполнила со наочари за сонце.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот