Екстра засилување за Металург, хрватското легендарно крило Хорват доаѓа во Автокоманда

EPA-EFE/DANIEL KOPATSCH

Хрватскиот ракометен репрезентативец Златко Хорват, по 18 години играње за Загреб, летово се одлучи да си замине и негов нов клуб е поранешниот македонски шампион Металург.

Хорват целата кариера ја помина во Загреб, а со репрезентацијата на Хрватска има медали од Олимписките игри во Лондон 2012 (бронза), од Светските првенства (2009-сребро и 2013-бронза) како и од Европските првенства (2008 и 2020 сребро, а 2012 и 2016 бронза).

Хорват беше дел од хрватската репрезентација која во јануари загуби од Шпанија во финалето кое го судеше најдобрата македонска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Металург со ангажманот на Хорват уште еднаш покажа дека има големи амбиции за следната сезона каде се очекува да го има главниот збор заедно со Вардар и со Еурофарм Пелистер.

Претходно тимот од Автокоманда се засили и со Никола Потиќ, Момир Рниќ и Бранко Канкараш, додека виси трансферот на Енрике Тешеира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот