Експерти: Кинеска експериментална вакцина создава антитела против коронавирусот

Експериментална вакцина против коронавирусот го поттикнува телото да создава антитела против вирусот, велат експерти од кинеската компанија „Синовац Биотек Лтд.“.

Оваа компанија додава дека вакцината е сеуште во фаза на тестирање и дека тоа се спроведува на повеќе од 700 волонтери во забрзано испитување кое ги комбинира првата фаза и следниот чекор, втората фаза.

„Резултатите од клиничката студија на втората фаза покажуваат дека вакцината создава неутрализирачки антитела 14 дена по вакцинирање“, се наведува во изјавата од компанијата.

Исто така нагласено е дека никој не успеал да покаже дали овие неутрализирачки антитела можат да ги заштитат луѓето од инфекцијата на Ковид-19, но произведувачите се надеваат дека тоа ќе е можно.

Повеќе од 90 отсто од доброволците во втората фаза ги развиле тие антитела, се наведува во соопштението од компанијата.

„Синовац соработува со Институтот Бутантан во Бразил како би ја припремиле и спровеле клиничката студија на третата фаза“, се додава во соопштението.

Тестирањето на третата фаза е последниот чекор во тестирањето, кој покажува дали вакцината или лекот делуваат, пред да се побара одобрување од регулаторите.

Како тоа функционира?

„Синовац Биотек Лтд.“ користи старомоден пристап на правење вакцина против коронавирусот, која го користи целиот вирус за да го поттикне телото да развие имунитет. Вирусот потоа се деактивира така што не може да предизвика болест.

Овој пристап на целиот вирус е побавен, бидејќи во фабриките мораат да се одгледуваат серии на вирусот за да се направат големи количини на вакцини, но е ефикасен.

Вакви вакцини кои се уште се користат се полио-вакцината и вакцината против беснило.

САД напредуваат со новите вакцини направени со користење на делови од генетскиот материјал на вирусот. Тие се прават брзо, но научниците мораат да утврдат кој дел од вирусот е најдобар за копирање за да се предизвика силен имунолошки одговор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот