Експерт открива: Дали влијае вашиот карактер врз темпераментот и однесувањето на вашето куче

Фото: Pexels / Matheus Bertelli

Дали сте забележале дека честопати вашето крзнено милениче реагира и се однесува исто како што и вие би постапиле во одредени ситуации? Еден експерт за животни вели дека однесувањето и темпераментот на кучето, всушност, може да бидат директен одраз на уникатниот карактер на неговиот сопственик, пренесува „Њусвик“.

Личностите еволуираат преку генетиката и околината, а на некој начин и двете влијаат на учењето и на формирањето на карактерот на кучето. Во зависност од конкретната средина во која живее кучето, одредени особини на неговиот карактер би можеле да завршат како одраз на нивниот сопственик.

„На пример, сопственик кој е исклучително подвжен со интереси за активности како што се планинарење, патување, кајакарење и го вклучува своето куче во неговите авантури, ќе има куче кое се оформило како многу дружељубиво, енергично и активно. Секако, генетиката на кучето е однапред одредена. Студиите покажуваат дека емоциите како стравот може да се пренесат кај кучињата уште во утробата“, вели Кејт Хембри.

Според оваа логика, иако значаен дел од карактерот на кучињата се обликувани од сопствениците, нивниот уникатен идентитет е дел и од нивната раса, која игра голема улога уште од раѓање.

„Емоциите како стравот можат да се манифестираат преку особини како, срамежливост и асоцијалност кај кучињата, па дури и со прикажување на агресивни сигнали. Овие карактеристики на кучето, сепак, најчесто не се одраз на нивниот сопственик“, објаснува експертката.

Но, експертката објаснува дека, доколку миленичињата имаат способност да го отсликаат нашиот карактер, тогаш кучето што е разиграно и енергично значи дека ја одразува наклонетоста на сопственикот кој исто така сака да се дружи или да учествува во активности на отворено. Кучето кое ужива да се гушка и милува со сопственикот цел ден, значи дека ја има таа склоност кон гушкање, бидејќи тоа е она што навикнало да го прави со својот сопственик.

На разочарување, но не и изненадување на многу сопственици, таа објснува дека кучињата можат и да ги согледаат нашите чувства на стрес и анксиозност, а понекогаш и да ги пресликаат нашите болести и тегоби.

И покрај овие сличности на карактерите на сопственикот и кучето, Кејт повтори нагласува дека е важно да не се заборави на улогата што генетиката ја игра во формирањето на темпераментот и однесувањето на кучињата. Доколку постојат екстремни и неприфатливи однесувања, многу веројатно тие се карактеристика на нивната раса и треба да се смират со помош на професионален дресер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот