Еколози избројаа 1.044 птичји гнезда на Голем Град: „Има сѐ помалку корморани зашто ги напаѓаат чавки“
Луѓе од Македонското еколошко друштво (МЕД), под водство на Националниот парк „Галичица“, ги пребројуваа птичјите гнездата на островот Голем Град на Преспанското Езеро. Еколозите попишаа најмногу од колонијата корморани (Phalacrocorax carbo) – 865, сивата чапја (Ardea cinerea) – 126 активни гнезда, а преостанатите педесетина гнезда ѝ припаѓаат на малата бела чапја (Egretta garzetta).
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„И годинава, како и лани, бележиме намалување на вкупниот број гнезда на корморани и зголемување на гнездата на двата вида чапји. Во последните две години, на терен забележуваме и колонија на чавки кои им ги напаѓаат гнездата на кормораните и ги уништуваат јајцата штом возрасните единки го напуштат гнездото, со што влијаат врз бројноста на кормораните. Покрај тоа, бележиме дрвја на кои имало гнезда кои сега не постојат, веројатно како последица на бури. Сите овие се фактори на природна контрола на популацијата на кормораните, коишто ќе продолжиме да ги следиме на годишно ниво“, соопшtija од Македонското еколошко друштво.
Голем Град е природен резерват заради специфичните геоморфолошки карактеристики, флората и фауната и поради своето историско минато, а кормораните имаат важна улога во целиот островски екосистем.
Од МЕД посочуваат дека пребројувањето на островот Голем Град се спроведува за да се следи најголемата гнездечка колонија на корморани во државата, а покрај тоа и на останатите тамошни колонијални гнездилки.


