Екоактивисти истурија разреден јаглен во фонтаната Треви во Рим
Седум млади активисти кои денеска протестираа против климатските промени влегоа во водата во Фонтаната Треви во Рим и истурија разреден јаглен во неа за да добие црна боја.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Демонстрантите се членови на групата „Ултима Генеразионе“ („Последната генерација“).
Тие истакнаа транспаренти на кои пишуваше „Нема да плаќаме за фосилни горива“ и извикуваа „Нашата земја умира!“.

По нив набрзо пристигнала и полицијата која ги привела. Бројни туристи го снимиле инцидентот, а неколку набљудувачи, како што покажуваат видео снимки, ги навредувале демонстрантите.
Во соопштението за медиумите на групата „Ултима Генеразионе“ тие повикуваат на укинување на јавните субвенции за фосилни горива и ги поврзуваат со смртоносните поплави во северниот италијански регион Емилија-Ромања.
Групата тврди дека, според нејзините податоци, секоја четврта куќа во Италија е во опасност од поплава.
Градоначалникот на Рим, Роберто Гуалтиери го осуди протестот, последен во низата слични активности, како тие чија цел беа уметнички дела.



