Еклстон „пресуди“: Верстапен ќе биде шампион, Норис е премногу дрзок
Иако е Британец, Еклстон не го охрабри сонародникот Ландо Норис, туку, предвиде дека Макс Верстапен ќе се радува в недела
Берни Еклстон (95), кој порано четири децении раководеше со Формула 1, жива легенда на овој спорт и сè уште влијателен во „циркусот на тркала“, во пресрет на решавачката последна трка сезонава, се изјасни за тоа кој ќе биде нов светски првак.
Препорачано
Иако е Британец, Еклстоун не го охрабри сонародникот Ландо Норис, туку, предвиде дека Макс Верстапен ќе се радува в недела по последната трка сезонава во Абу Даби.
Our title contenders have seven wins apiece 🤩 #F1 #AbuDhabiGP pic.twitter.com/z4plQvFi1Y
— Formula 1 (@F1) December 4, 2025
– Сè уште верувам дека Макс ќе го направи тоа (ќе ја освои титулата н.з.). Тој го заслужува тоа. Порано велев дека Ален Прост е најдобриот возач на сите времиња, но сега мислам дека Макс е најдобриот што го познавам – изјави Еклстон.
Тој неповолно го оцени возачот на Мекларен Ландо Норис.
– Ландо е навистина добар возач, но е премногу самоуверен, премногу дрзок, верува во сопствената публицитет, но се нервира во критичните моменти и не може баш да го испорача онака како што може Макс кога е под притисок -„пресуди“ Еклстоун.
All eyes on our top three 👀
Season finale loading 🟩 🟩 🟩 🟩 ⬜️#F1 #AbuDhabiGP pic.twitter.com/Ffs4L0tsVg
— Formula 1 (@F1) December 4, 2025
Водечкиот во вкупен пласман Норис останува фаворит да ја освои својата прва титула во Ф1 на последната трка сезонава. Макс Верстапен и Оскар Пјастри исто така се во игра за титулата. Возачот на Ред бул заостанува 12 поени, а вториот адут на Мекларен, Пјастри, заостанува 16 поени зад Норис во трката за титулата.
Норис само треба да заврши на подиумот во Абу Даби за да стане првиот светски шампион во Велика Британија по Луис Хамилтон и да ја прекине серијата на Верстапен од четири титули по ред од 2021 до 2024 година.


