ЕК ги поздрави реформите на Црна Гора: Незаконски стекнатиот имот ќе биде конфискуван
Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ ја оцени за успешна својата прва посета на Брисел, при што, како што наведе, по долго време за првпат се споменува затворањето на поглавјето со Црна Гора, што е голем напредок во поглавјата 23. 24, односно владеење на правото, пренесува Политика.
Препорачано
Спајиќ истакна дека во следните неколку месеци интензивно ќе се работи и на други поглавја, како и дека првите резултати ги очекува во првиот квартал од следната година. Тој посочи дека Владата доставила 60 реформи до Европската комисија.
На новинарско прашање дали Црна Гора ќе може да ги испорача резултатите до април 2024 година, Спајиќ вели дека тоа е многу можно. Тој ја спомна акцијата со Советот на Европа, со ГРЕКО, со Венецијанската комисија, со Манивал, пренесе порталот РТЦГ. Тој додаде дека се најавени нови мерки во следните два месеци.
„Министерството за надворешни работи веќе го подготвува Законот за санкции, ќе имаме и регистар на НВО, ќе имаме голема реформа во ЦИСК, за вистинските сопственици на фирмите, многу е важно да разбереме кои се сопствениците на фирмите се со цел да ги спроведат нашите закони во Црна Гора, со цел да се конфискува имотот и од кланови и на сите оние кои незаслужено го стекнале, на незаконски начин. Ова е нешто на што ќе се фокусираме и Комисијата апсолутно ги поздравува сите наши чекори“, рече Спајиќ.


