Ефремовски ја чека својата шанса: Желбата е да ги добиеме натпреварите во Талин!

Фото: kfsm.mk

Виктор Ефремовски и во Талин ќе чека нова шанса да ги одигра првите официјални минути како сениорски репрезентативец на Македонија.

Беше дел од најдобрата репрезентација и во февруари, а и сега во Талин (Естонија) е во оние 12 кои ги одбра селекторот Александар Тодоров. Младиот бек-шутер на Работнички вели дека е подготвен за она што со себе го носи овој ноемвриски „прозорец“ на ФИБА.

– Ние сме веќе навлезени во натпреварувачки ритам. Зад мене имам седум натпревари, три во македонското првенство и уште четири во АБА2 лигата. Од таа гледна точка можам да кажам дека сум подготвен за тоа што следува во наредните неколку дена – рече Ефремовски.

Дефинитивно без Димитријевиќ на мечевите во Талин!

Мал хендикеп според Ефремовски е краткиот временски период за максимално воигрување:

– За жал поради ситуацијата со коронавирусот тренинзите во Скопје не ги одработивме со комплетниот ростер. Дури овде, во Талин, имаме можност да го формираме тимот и да тренираме сите заедно, односно со капитенот Стојановски и новиот соиграч Џејкоб Вајли. Времето е многу кратко, а ни следуваат тешки натпревари на кои ќе мора да дадеме сè од себе за победа – додаде македонскиот репрезентативец.

Во рок од три дена, од 28-30 ноември нè очекуваат средби со селекциите на Италија и на Естонија. Еве ги и неговите очекувања од овие два натпревари:

– Првиот противник со кој што ќе се соочиме на овој турнир е Италија, а потоа следува натпреварот со Естонија. Лично посакувам да направиме позитивен резултат. И на двата натпревари да излеземе како победници. Имам огромна желба за игра. И очекувам шанса, да излезам на терен и да го оправдам повикот во дресот со националните обележја – посакува одличниот шутер во нашата сениорска селекција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот