Едноставен трик кој ќе ги спречи досадните отпечатоци од прсти на мебелот
Лана Бижељ е новинарка која има своја агенција за дигитален маркетинг. На Инстаграм ја следат повеќе од 25.000 луѓе, а деновиве објави видео за кое жените ѝ се многу благодарни.
Препорачано
Ако ги разгледувате актуелните кујни во последните неколку години, забележувате дека по вратичките со висок сјај, трендовите тргнаа во сосема друга насока, односно моментално мат елементите се апсолутен хит.
Освен што изгледаат навистина одлично, постои една работа што го отежнува одржувањето – отпечатоците од прсти, кои многу тешко се отстрануваат од мат верзијата. Лана Бижељ откри рецепт со кој прстите нема да ви останат на предните делови и фиоките на мат кујната.
„Нема отпечатоци на мат површини и огледала. Не знам колку долго трае овој ефект бидејќи го пробав дури вчера, но во секој случај ниту еден производ не чисти толку лесно како оваа мешавина. Откако ќе го исчистите, почекајте неколку минути целосно да се исуши пред да започнете со ракување. Важи само за суви прсти, а не влажни. Заблагодарете ми се подоцна“, пишува таа во својата објава. И еве го рецептот против отпечатоци од прсти.
View this post on Instagram
Ќе ви треба јаболков оцет, сјај за машина за садови и обичен детергент за садови, како и празно шише со распрскувач (можете да користите старо шише од некој производ за чистење).
Измешајте 2 лажици течност за миење садови, 2 лажици јаболков оцет и 2 сјај за машина за садови. Истурете сè во шише со распрскувач и додајте топла вода до врвот. Испрскајте го елементот и избришете го со чиста крпа. И тоа е тоа.
Лана во своето видео покажа и дека после ова навистина нема отпечатоци на мат кујната, а во коментарите жените масовно ѝ се заблагодарија за овој трик.


