Еднодневно издание на Фестивалот на нова музика „Здраво млади!“ во МКЦ Парк

Фестивалот на нова музика „Здраво млади!“, кој веќе 11 години се одржува во организација на Младинскиот културен центар во Скопје, годинава ќе има еднодневно издание на 27 август во МКЦ Парк.

– На фестивалот ќе настапат миленикот на скопската публика „Hercules & Love Affair“ (диџеј сет на Енди Батлер), најсвежиот руски звук „Шортпарис“, грувот на векот концентриран во Мурман Цулаѕе, домашните „Искра“ и „Блекстејт“, шпанските постпанкери „Белградо“, мистичниот романтик Пеки Пеле, најтазе бендот од македонската алтернативна сцена „Луфтханза“, белградските „Коикои“ и единствениот Ирец од македонската дијаспора диџеј Фиц – посочија од МКЦ.

Претходно беше планирано дводневно издание на фестивалот, но откажувањето на настапот на „Вјагра бојс“ и на Нога Ерез поради пандемијата на коронавирусот ги променија плановите на организаторот.

Покрај музичката програма, дел од „Здраво млади!“ ќе биде и ликовната изложба „Маска или преобразба на изопаченото“ на младата уметница Бранкица Јордановска. Изложбата е составена од серија на графики, цртежи и објекти карактеристични за уметноста на Јордановска. Изложбата ќе биде поставена во рамките на фестивалскиот простор во паркот зад МКЦ.

Фестивалот е поддржан од Делегацијата на Европската Унија во Скопје и Europe House Skopje.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 94, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 21-22 август 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот