Една година без Драган Вучиќ: Омилениот водител и шоумен на сите генерации

Фото: Фејсбук

На денешен ден, минатата година како гром од ведро небо се рашири веста за смртта на еден од најпознатите водители во нашата држава, Драган Вучиќ. 

Човекот кој дефинитивно учествуваше и можеби е еден од најважните луѓе во создавањето на македонската јавна сцена, ја изгуби битката со коронавирусот.
Драган Вучиќ е роден во 1955 година и беше среќно оженет. Неговата сопруга Весна е ќерка на легендарниот гајдаџија Пеце Атанасоски, додека син му Мартин е пејач и директор на Ансамблот за народни песни и ора „Танец“.
Драган Вучиќ со синот Мартин и сопругата Весна / Фото: Фејсбук, Весна Вучиќ

Во неговата биографија ќе бидат запишани многу телевизиски проекти кои ги сработил, а особено ќе биде запаметен кога пред 20 години го создаде шоуто „Вашите 5 минути“ – емисија во која се пријавуваа луѓе од целата земја и сакаа да ги покажат своите вокални способности. Драган честопати во интервјуа знаеше да каже дека ние сме биле први во регионот кои сме смислиле едно такво големо музичко натпреварување.

Потоа низ годините следуваа уште многу други емисии во кои гости му беа најголемите ѕвезди од поранешна Југославија, бидејќи Драган беше голем пријател со многу од нив.

Така, прв гост во „Гурмански муабети“ беше една од најголемите ѕвезди во регионот, Здравко Чолиќ.

Но не само емисиите со кои многу генерации израснаа. Драган остави и голем белег во македонската музичката поп и фолк сцена. „Каде и да одам“, „Твојте очи шараат“, „Ника, Ника, Марика“, „Кате мори Кате“ и многу други композиции се само дел од неговиот музички опус.

За Драган има уште многу да се каже, но сигурни сме дека ќе остане запаметен и за него ќе се  прераскажува уште многу долго.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот