Полицијата привела три лица од Гостиварско за трговија со кокаин. Од МВР соопштија дека вчера во 21.30 часот во Гостивар инспектори од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје ги лишиле од слобода лицата К.М.(30) и К.О.(20) од Гостивар и О.С.(19) од с.Горна Бањица, Гостиварско, поради сомнение дека извршиле кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” и „овозможување на употреба наркотични дроги”.
„При преглед кај К.М. биле пронајдени пет пакувања кокаин кои сакал да им ги продаде на К.О. и О.С. Сите тројца биле приведени во Полициска станица Гостивар и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по чл.215 и чл.216 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.