Еден македонски граѓанин чека на евакуација од Нигер

Фото: EPA-EFE/ISSIFOU DJIBO

Министерството за надворешни работи, преку амбасадата во Каиро работи на обезбедување евакуација од Нигер за еден македонски државјанин кој побарал помош. Како што соопшти МНР, за тоа се водат интензивни преговори со нашите партнери и сојузници, кои имаат свои претставништва во Нигер.

Истовремено МНР апелира да се избегнуваат патувања во Нигер.

„Поради влошената безбедносна ситуација во Нигер и можноста од ескалација на истата, Министерството за надворешни работи упатува апел до државјаните на Северна Македонија да избегнуваат патување во Нигер, додека на оние кои се наоѓаат во територијата на Нигер, а имаат можност да ја напуштат земјата, да го направат тоа веднаш“, се наведува во соопштението од Министерството.

Од МНР, како што се додава, ги замолуваат македонските државјани кои се наоѓаат во Нигер, а кои сѐ уште не оставиле свои податоци, да ја контактираат нашата Амбасада во Каиро, со цел доставување на своите податоци, на следниот телефонски број + 202 27 508 501; +201017810085; +201033615542 и е-мејл адреса [email protected].

Дополнително, македонските државјани може да се обратат и до Министерството на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и на следната и-меил адреса: [email protected].

РАЗВОЈ НА НАСТАНИТЕ ВО НИГЕР

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот