САД се повлекуваат од Нигер, се разгледува воена интервенција за враќање на деморкатската власт

Фото: EPA-EFE/ISSIFOU DJIBO

Соединетите Американски Држави наредија делумна евакуација на нивната амбасада во Нигер по минатонеделниот државен удар.

Стотици странски државјани веќе се евакуирани од земјата, а во неделата демонстрантите ја нападнаа француската амбасада.

Нигер протест / Фото EPA-EFE/ISSIFOU DJIBO

Лидерот на пучот, генерал Абдурахаман Чиани, предупреди дека нема да толерира „било кави странско мешање во внатрешните работи“ на земјата.

Нигер е значаен производител на ураниум и се наоѓа на клучна миграциска рута кон Северна Африка и Медитеранот.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен минатата недела разговараше со соборениот претседател Мохамед Базума , соопшти Стејт департментот, додавајќи дека САД се посветени на враќањето на демократски избраната влада на Нигер.

Претседателот на Нигер, претседател сменет со воен удар, Мохамед Базум / Фото EPA-EFE/LUDOVIC MARIN / POOL MAXPPP OUT

И покрај делумната евакуација, амбасадата на земјата во главниот град Ниамеј ќе остане отворена, соопшти Вашингтон.

„Остануваме посветени на народот на Нигер и на нашиот однос со народот на Нигер и ќе продолжиме да бидеме дипломатски ангажирани на највисоко ниво“, рече тој.

Идентично, и Британската амбасада во главниот град на Нигер, Нијами, привремено го намали бројот на вработени поради безбедносната ситуација., но целосно не се повлекува, соопшти Форин Офисот
„Групата која ги организираше протестите на 30 јули (М62) повика на нови протести денеска за време на , Денот на независноста на Нигер. Протестите може да бидат насилни и ситуацијата може брзо да се промени без предупредување“.

Воените команданти на армиите од Африканските држави (ECOWAS) се состанаа во Нигерија во средата за да разговараат за можна воена интервенција, иако потенцираа дека таквата акција ќе биде „последна опција“.

Фото Јутуб притнскрин

Предводникот на пучот, генералот Чиани, поранешен шеф на претседателската гарда на Базум, ја презеде власта на 26 јули, велејќи дека сака да го спречи „постепениот и неизбежен колапс“ на Нигер.

Фото: EPA-EFE/ISSIFOU DJIBO

Пучот предизвика големи демонстрации против Франција и во корист на Русија, чие влијание во Западна и Централна Африка се зголеми во последните години.

Во средата 262 лица пристигнаа во Париз со летови за евакуација организирани од француската влада. Од Нигер во во Рим се вратија вкупно 87 итаљански државјани.

Нигер, каде и Франција и САД имаат воени бази, е клучен западен сојузник во борбата против џихадистичкиот екстремизам во Сахел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот