Одделот за енергија на САД ќе купи сурова нафта за стратешки нафтени резерви

Министерството за енергетика на САД објави ново барање за купување нафта за надополнување на Стратешките нафтени резерви, се вели во соопштение до медиумите.

Канцеларијата за нафтени резерви, бара до 3,3 милиони барели сурова нафта за испорака до стратешките резерви во октомври.

Одлуката да се иницира ова купување, според соопштението, се усогласува со стратегијата за стекнување нафта од 79 долари за барел или и пониска.

До денес, Канцеларијата за нафтени резерви има набавено вкупно 32,3 милиони барели нафта по просечна цена од 76,98 американски долари.

Понудите за тековното побарување треба да се достават до 14 мај 2024 година, а испораката е закажана за складиштето „Big Hill“.

Канцеларијата, исто така, откажа 140 милиони барели продажби одобрени од Конгресот, закажани за фискалните години од 2024 до 2027 година, во потег што се смета за надополнување на стратешките резерви.

Стратешките резерви играат витална улога во заштитата на економијата и егзистенцијата за време на недостиг на нафта.

Пред само една недела, советникот за енергетика на претседателот Бајден, Амос Хохштајн, рече дека има доволно нафта во резервите и дека администрацијата ќе користи сурова нафта од таму доколку се појави потреба.

САД забележаа пад на залихите на сурова нафта од 638 милиони барели од инаугурацијата на претседателот Џо Бајден на само 347 милиони барели до летото 2023 година, бидејќи администрацијата се обиде да ги намали цените на бензинот за потрошувачите ослободувајќи над 180 милиони барели од стратешките резерви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот