Апасиев: Ја кутнавме црвената буржоазија што беше наш детски сон уште од транзицијата на под 20 пратеника

Левица/Фото: Принтскрин

Претседателот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев вечерва на прес-конференција порача дека им успеало тоа за кое се залагале.

-Ја кутнавме црвената буржоазија, што беше наш детски сон уште од транзицијата на под 20 пратеника, што не го ни сонувавме, изјави Апасиев.

Тој вели дека друга значајна победа е дека го преполовиле проектот на ЗНАМ на половина од претседателските избори.

-Тоа покажува дека овој изборен систем повторно не краде, бидејќи некаде го водиме за 4.000 гласови, а имаме ист број на пратеници. Тоа ќе биде првото барање на Левица, да има една изборна единица, изјави тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот