Симпатизери на Вреди слават на тетовскиот плоштад

Прослава на Вреди на тетовскиот плоштад/ Фото: Слободен печат

На плоштадот „Илирија” во Тетово, раководството и симпатизерите на албанската опозициска коалиција „Вреди“ ја славеа, како што рекоа, победата на парламентарните избори.

Лидерот на Беса, Билал Касами изјави дека коалицијата „Вреди“ е победник во сите општини со мнозинско албанско население и дека од утре почнуваат преговорите за нова влада со ВМРО-ДПМНЕ.

На плоштадот во Тетово се славеше со тапани и огномети, а имаше и зголемено полициско присуство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот