Почна евакуација на европските граѓани од Нигер

Фото. МИА

Првите воени авиони кои евакуираа главно европски граѓани од Нигер по воениот удар, рано изутринава слетаа во Париз и Рим.

Поради ризикот од ескалација на конфликтот, Франција, Италија и Шпанија потврдија дека евакуацијата ќе се врши по воздушен пат. Прво, францускиот авион го напушти Нигер синоќа и рано изутринава слета во Париз со 262 патници.

Италијански воен авион евакуираше 87 лица од Нигер кои исто така рано изутринава пристигнаа во главниот град на Италија.

Евакуирани се околу 36 Италијанци, 21 американски државјанин, четворица Бугари, двајца Австријци, еден британски државјанин и воен персонал од Нигер, Унгарија, Сенегал и Нигерија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот