Ахмети: Европскиот фронт е втор победник после ВМРО-ДПМНЕ

Али Ахмети во Изборниот штаб во Мала Речица/ Фото: Слободен печат/ Зоран Димовски

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети го прогласи Европскиот фронт за втора победничка политичка сила после ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи на изборите, како што рече на вечерашната прес-конференција, практично се натпреварувале со ВМРО-ДПМНЕ.

Освен тоа, оцени дека се големи победници над албанската опозиција од која освои над 30.000 повеќе гласови.

– Според нашите пресметки кои не се конечни, имаме освоено 19 мандати, но до крајот на пребројувањето на гласовите можно е да добиеме уште еден пратенички мандат, изјави Ахмети.

Во обраќањето пред медиумите не изостана ни честитката до победниците.

– Им честитам на ВМРО-ДПМНЕ и на господинот Мицкоски за победата без разлика во какви околности тој ја искористил предноста за овие гласови. Сега не сакам да навлегувам во тоа и да анализирам, такви биле околностите. Сега секој со секого може да се сретне, меѓутоа единствен легален и легитимен претставник на Албанците, но и на Бошњаците, Турците, Ромите е Европскиот фронт кој е втора партија по поддршката од избирачите и по бројот на гласови на овие избори, рече Ахмети.

На новинарско прашање дали со големата победа на ВМРО-ДПМНЕ значи дека ДУИ оди во опозиција, Ахмети со одговор:

– Не знам дали добро ме слушнавте, но јас реков дека треба да имаме стабилност во државата.

Ахмети ги оцени изборите како фер и демократски и им се заблагодари на членството и на гласачите што ги поддржале.

– Ние ќе ги претставуваме не само тие што гласаа за нас туку и сите Албанци кои излегоа на овие избори, додаде Ахмети во седиштетот на партијата во Мала Речица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот