Претседателот на Чад пристигна во Нигер да помогне да се најде излез од кризата

Махамад Идрис Даби Итно/ Фото: Фејсбук

Привремениот претседател на Чад, Махамат Идрис Деби Итно, пристигна денеска во Нигер во обид да помогне да се најде излез од кризата во соседната земја, каде на почетокот на неделава се случи воен удар.

Ова е иницијатива на Чад“, нагласи за АФП портпаролот на владата на таа земја, пренесува БТА.

Претходно денеска, Економската заедница на западноафриканските држави (ECOWAS) им даде на пучистите во Нигер една недела да го вратат на власт демократски избраниот претседател Мохамед Базум. Во спротивно, регионалната организација се закани со санкции, па дури и со можна употреба на сила.

Чад не е членка на Западноафриканската регионална организација

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот